codewell ios-academy

CodeWell обуките никогаш подостапни од сега!

од12,500 мкд+ ваучер

Ако си лице на возраст од 18-29 години, аплицирај за ваучер, резервирај го своето место за една од обуките, искористи ги поволните цени за обуки на CodeWell и можноста за вработување по успешно завршената обука.

CodeWell со своите обуки ти нуди несекојдневна можност да стекнеш знаење токму од лидерите во оваа област кои ќе ти го пренесат своето знаење од областа која те интересира.

Аплицирај за ваучер во 3 чекори

1.

За да се регистрираш на Националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk и да аплицираш за ваучерот, најпрвин треба да се најавиш со истото корисничко име и лозинка со кои се најавуваш на твојот УЈП профил на e-pdd.ujp.gov.mk

Во случај да немаш регистрирано профил на УЈП, потребно е да пристапиш на e-pdd.ujp.gov.mk По пополнување на формуларот, на електронската адреса која ја внесе ќе ти стигне барање. Барањето потпишано и копија од лична карта треба да се однесе во даночна канцеларија на УЈП.

2.

Откако ќе бидеш регистриран во базата на УЈП, со истото корисничко име и лозинка треба да се логираш на Националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.

3.

По успешното логирање на Националниот портал за е-услуги можеш да аплицираш, ако имаш профил со ниско ниво тука или основно ниво тука за некоја од трите обуки на CodeWell (Вовед во развој на iOS апликации во Swift, Развој на iOS апликации во Swift (напредно ниво) или Развој на дигитални асистенти базирани на вештачка интелигенција), или пак, обрати ни се нам и ние ќе ти помогнеме со начинот на аплицирање за ваучерот.

Крајниот рок за аплицирање за ваучер е до

01.08.2020

Ваучерот покрива 50% од цената на конкретната обука, а најмногу до 30,000 денари. Корисникот на ваучерот за обука за дигитални вештини има право да добие само еден ваучер.

Ти треба помош при аплицирање за ваучерот?

Контактирај нé